Овие намирници се највкусната замена за чоколадото

Речиси секое овошје или барем повеќето, се одлична замена за вашата омилена чоколада. Затоа, на масата чувајте сад со овошје кое ќе биде посебно слатко, како би ја задоволиле вашата максимална потреба за шеќер.

Покрај тоа, еве кои намирници ќе ви помогнат да му одолеете на млечното чоколадо:

Мед – Кога ќе го почувствувате нагон за чоколадно здоволство посегнете по мед. Доволно е сладок за да ја задоволи вашата потреба, а е далеку поздрав од чоколадните коцки.

Јогурт – Без оглед на тоа дали е полномасен или со ниска количина маст, јогуртот е одличен начин да ја задоволите потребата за нешто слатко.

Овошје и чоколадо – Тоа што сакате здраво да се храните, не значи дека од исхраната целосно треба да ја отфрлите чоколадата. темната варијанта односно чоколадото за готвење со над 70% какао е одлична замена за млечната, посебно ако ја измешате со свежо овошје.

Домашни колачи – Кога ќе ви се пријаде некое колаче, научете домашен рецепт. На тој начин ќе знаете што содржи и вкусот ќе го менувате по своите желби и потреби.

Овесна каша – Овесната каша не е само утрински оброк. Исто така, ако во неа додадете ореви, суво грозје или мед, ќе уживате во нешто слатко и здраво.

Чоколадни пуканки – Кога ќе ви се пријаде нешто слатко, направете си пуканки. Само што овој пат наместо сол, ќе ги прелиете со 4-5 коцки растопено темно чоколадо. Пуканките содржат помеѓу 50 и 70 калории, така што може да ги јадете без грижа на совест.

Печено јаболко – Испеченото јаболко или крушка е здрава алтернатива која може да ја зачините со ореви, мед или цимет.

Сладолед – Добра вест е дека постојат сладоледи без шеќер или оние поздравите, кои самите може да ги подготвите. Додајте парчиња од своето омилено овошје, лажица мед и јогурт и имате домашен, здрав десерт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e