Овие намирници избегнувајте ги пред спиење

Некои намирници или некои состојки во храната лошо влијаат на нашиот организам и нѝ го нарушуваат процесот на спиење. Доволно е да избегнувате некои намирници пред спиење и нема да имате проблем со сонот.

Јасно е поради што не треба да пиете кафе пред спиење. Кофеинот кој го содржи кафето го буди организмот, а тоа сигурно нема да ви помогне да заспиете.

Ниту консумирање алкохол не се препорачува пред спиење. Со оглед на тоа дека телото сака да го исфрли алкохолот кој го внесувате во себе, една или две чаши пиво пред спиење само ќе ве натераат да одите во тоалет среде ноќ, можеби и повеќепати. Повеќето сокови се полни со шеќери, кои ќе ви помогнаат ако сакате да го поткренете расположението или да ја подобрите концентрацијата, но, во исто време тоа ќе ви го наруши и сонот.

Некој зеленчук не е добар да се јаде пред спиење. Станува збор за зеленчук кој тешко се вари, кељ, брокула или зелка.

Ниту слатките, поради шеќерот, немојте да ги јадете навечер, ако сакате добро да спиете. Високата содржина на шеќер ќе ве држи будни подолго од што сте планирале. Ова посебно се однесува на чоколадото, кое го стимулира мозокот, го елиминира заморот и го забрзува метаболизмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e