Осаменоста ги разболува луѓето

Истражувањата покажуваат дека луѓето сѐ помалку се дружат и социјализираат и тоа им влијае на здравјето и ова прераснува во глобален проблем.

Според официјални податоци, во Германија најмалку 300 лица годишно умираат во своите станови, при што никој не го забележува тоа со недели. Велика Британија, инаку, од лани има министер за осаменост, кој беше поставен по податокот дека девет милиони Британци страдаат од чувство на осаменост. Притоа, Марк Робинсон, одговорен за непрофитната организација „Ејџ УК“ нагласува дека осаменоста е поштетна за здравјето од пушењето 15 цигари дневно.

Осаменоста не е само одлика на повозрасното население. Во САД, на пример, најосамени се луѓето родени во 90-тите години од минатиот век и на почетокот на овој столетие.

– Речиси половина од Американците, 46 отсто, изјавуваат дека понекогаш или постојано се чувствуваат осамено – се наведува во истражувањето на компанијата за здравствено осигурување „Сигна”.

Во Јапонија, со децении се активни кафулиња каде што осамените момци и девојки плаќаат девојка или момче заради разговор, прошетка или дружење и сѐ тоа барем накусо да изгледа реално. Во Кина, политиката на најмногу едно дете предизвика пораст на таканареченото „купување сопруга“ од соседните земји за осамените момчиња во земјата. Според Американскиот национален институт за здравје, последици од осаменоста се: висок крвен притисок, срцеви болести, вишок килограми, ослабен имун систем, анксиозност, депресија, намалени умствени способности, Алцхајмерова болест, па дури и смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e