Ново истражување: Научници открија кој е најотпорен на коронавирусот

Најновата студија открива како крвната група може да игра одредена улога во тоа колку тежок облик на болеста ќе развие личноста заразена со новиот коронавирус.

Исто така, утврдено е дека луѓето со дијабетес и апнеа (кратко периодично престанување на дишењето во текот на спиењето) се во групата со зголемен ризик од хоспитализација.

Ова се најновите податоци од новата студија на Универзитетот Варвик, а до откритието е дојдено по систематски извештаи на други студии кои го пријавиле исходот од коронавирусот кај пациенти на кои исто така им е дијагностицирана опструктивна апнеа во сон.

Резултатите се објавени во научното списание Sleep Medicine Reviews.

Едно од истражувањата покажало дека кај пациентите кои имаат дијабетес и кои се хоспитализирани поради коронавирусот, како и оние кои примаат терапија за опструктивна апнеа во сон, се изложени на ризик зголемен за 2,8 пати.

Проблемот е во тоа што дури 85% од случаите на опструктивна апнеа во сон се всушност неоткриени, односно без дијагноза. Без јасни податоци за тоа е тешко точно да се одреди колку луѓе со тоа нарушување може да заболат од тежок облик на COVID-19.

Втората група истражувачи откри дека крвната група има влијание на ризикот од зараза. Генетската компанија 23andMe тврди дека крвната група е поврзана со ризик од коронавирус, иако не е јасно колку и дали постојат начини на кои лекарите би дејствувале на тоа.

Научниците од таа компанија ја анализирале ДНК-та на повеќе од милиони луѓе. Повеќе од 15.000 имале позитивен тест на коронавирусот, а 1.131 пациент бил хоспитализиран. Сите собрани податоци ги поткрепуваат доказите за улогата на крвната група во генетиката на домаќинот на коронавирусот.

Голем ризик е дебелината.

„Нашите податоци ја поддржуваат улогата на чувствителност на инфекцијата, сугерирајќи дека крвната група 0 е заштитна, за разлика од останатите“, стои во извештајот.

Покрај крвната група, далеку поголем ризик е дебелината, која повеќе од двојно ја зголемува шансата за хоспитализација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e