Несоница поради коронавирусот – Еве како да си помогнете!

Страдате од несоница поради корона вирусот, еве неколку начини со чија помош ќе можете полесно да заспиете!

Сонот никогаш не бил поважен, велат стручњаците, и тој претставува најважниот фактор во зајакнувањето на имунитетот против инфекциите. Сепак, моменталната ситуација влијае на сите нас а кај некои таа доведува и до несоница.
Кога анксиозноста е голема, тешко е да се воспостави квалитетен сон без постојано будење во текот на ноќта. Со помош на овие неколку совети препорачани од психолозите ќе можете да си помогнете во борбата против инсомнија.

Воспоставете редовен распоред на спиење кој ви одговара
Колку повеќе се држите до одредено време за будење, тоа подобро вашето тело ќе функционира. Терапевтите препорачуваат да воспоставите редовен распоред на спиење до кој цврсто ќе се држите. Одредете час во кој ќе одите на спиење и во кој ќе се будите, така вашиот организам ќе стекне рутина. Користете тапи за уши, маска за спиење и спијте во затемнета и проветрена просторија.

Никако не дозволувајте дремката да ви го поремети распоредот. Доколку морате да дремнете, тоа нека биде од 10-20 минути максимум.

Воведете дисциплина со уредите
60-90 минути пред да легнете во кревет исклучете ги сите уреди, мобилен телефон, компјутер, телевизор и целосно исклучете се од дигиталниот свет. За тоа време можете да читате книга, или да медитирате. Така вашиот организам подобро ќе се опушти.

Немојте да гледате вести пред спиење
Гледајте вести поврзани за коронавирусот еднаш дневно, по можност тоа да не е пред спиење.
Исклучете ги нотификациите на телефонот или подесете го вашиот телефон да ги исклучува известувањата во вечерните часови, така што ништо нема да ве вознемирува пред да заспиете.

Немојте да јадете или пиете пред спиење
Уште една шолја кафе? Можеби чоколаден колач пред спиење? Не! Тие го поттикнуваат вашиот организам да работи понапорно што предизвикува зголемување на шеќерот во крвта и чувство на будност.

Направете топла купка или истуширајте се
Загревањето на телото помага тоа полесно да се опушти и побрзо да потоне во сон. Обавезно проветрете ја просторијата и променете ја постелнината пред да одите да спиете, тоа ќе ви ја намали анксиозноста и ќе се чувствувате попријатно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e