Не ги игнорирајте: 3 знаци дека ви треба нова работа

Понекогаш е време за да направите промени во животот, а тоа ја вклучува и работата. Но, често не препознаваме дека дошол вистинскиот момент за тоа.

Кога некој ќе ви понуди подобри услови за работа, сосема е нормално да сакате да ја прифатите. Но, има и случаи кога апсолутно е време да заминете од старото место, поради најразлични причини.

Според „Форбс“, ова се трите јасни, па дури и алармантни знаци дека е вистинско време за нова работа:

Немотивираност

Ако нозете ви се враќаат наутро, а чувствувате мака и од самата помисла на влегување во канцеларијата, не го припишувајте тоа на мрзеливоста и немарноста, особено ако се случува подолго време. Ова е јасен знак дека е потребно самите да почнете да барате нешто ново.

Раздразливост

Нормално е во некои денови да сме помалку расположени. Но, ако тоа се случува секој ден, а вие сте нервозни и раздразливи поради ситници кои инаку не би ви пречеле, обрнете внимание дали тоа е последица од незадоволство на работното место. Ако утврдите дека ви се случува додека сте на работа, а потоа и си го носите дома, можеби е време нешто да смените – во овој случај работното место.

Постојан стрес

Стресот се манифестира на различни начини, а често и не сме свесни дека ни се случува. Но, ако забележите дека сте болежливи, имате проблеми со кожата, варењето, лошо спиете, имате необјасниви акни и ве боли главата, а без некоја особена причина, потсетете се дали сте биле изложени неодамна на стрес. На многумина им се случило да бидат под постојан стрес со месеци, па и со години и да мислат дека тоа е нормално. Знајте дека не е и дека тоа е јасен знак дека ви е потребна нова работа, но и наоѓање на здрави начини за соочување со состојбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ