Науката тврди: Со обрежување против рак на простата

Последните истражувања покажуваат дека доколку зафатот на обрежување се спроведе пред првиот сексуален однос, се намалува ризикот од заболување на рак на простатата и тоа за 15 %. Тоа го докажа последното истражување кое го водеше д-р Џонатан Рајт од Центарот за истражување на рак “Фред Хачисон”.

Тој објаснува дека за појава на рак можат да влијаат разни инфекции, а доколку се здружат со сексуално преносливите болести допринесуваат до развој на рак на простатата.

Бидејќи обрежувањето може да помогне во заштита од инфекции, д-р Рајт верува дека може да го намалии ризикот од развој на рак.

Овој доктор со својот тим направи истражување во кое учествуваа 3.399 мажи, од кои половината од нив биле заболени од малигни заболувања. На основа на анализата на нивната здравствена состојба, како и историјата на болеста, стручњаците дошле до заклучок кој се согласува со статистиката. Мажите кои биле обрежани, подлегнале на операција пред првиот сексуален однос.

rQfV46FBSM-eksperite-tvrdat-na-ovoj-nacin-se-namaluva-rizikot-od-pojava-na-rak-na-prostata

Истражувачите сметаат дека со отстранувањето на кожичката, мажите се штитат од хронични заболувања, бидејќи на тој начин се отстранува просторот под кој воспалението може да се појави.

Инаку, резултатите од истражувањето се објавени во магазинот “Cancer”, па покрена расправа дали момците навистина треба да подлегнуваат на ваков медицински зафат. Светската здравствена организација сепак препорачува да се направи таа операција, бидејќи се намалува ризикот од појава на сида кај хетеросексуалните мажи.

Научниците исто така минатата година установиле дека жените, сопруги или девојки на мажите кои направиле обрежување исто така поретко се инфицираат со човечкиот папиломен вирус (HPV).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e