Научниците открија зошто некои луѓе заболуваат од рак, а други не

Една од најважните цели на денешната наука е насочена кон истражувањето за канцерот, втор најчест причинител на смрт во светот, веднаш зад срцевите заболувања.
Сè почесто се поставува прашањето зошто некои луѓе се разболуваат од канцер, а други не и зошто некои трајно се ослободуваат од оваа смртоносна болеста и оздравуваат, а други подлегнуваат на болеста.

Сите сме слушнале или познаваме некој кој поради начинот на живот и генетиката би требало или не би требало да добие рак. На пример, некој кој пушел три кутии цигари на ден или некој кој целиот живот е дебел и покрај тоа пие, бизнисмен кој не јаде ништо пред 17 часот, освен сопствениот стрес. А сите познаваме и некој кој никогаш не пиел, не пушел, не бил дебел, но сепак починал од рак.

Научниците дојдоа до заклучок дека вистината за тоа зошто е така се крие во гените на луѓето, а не во стилот на живот. Набљудувајќи долгогодишни пушачи научниците открија дека на сите им е заедничка варијацијата на поединечни гени, а нив ги нарекле „гени на долговечноста“.

„Откривме низа генетски маркери кои поттикнуваат долговечност, а истите тие гени можат да се најдат кај луѓе кои доживеале длабока старост. Тие функционираат така што ги поттикнуваат клетките на побрзо закрепнување од негативните биохемиски влијанија“, објаснува професорот Морган Левин.

Тоа се смета и за еволуциска мутација, а среќниците кои ги наследуваат тие гени имаат дури 11 проценти веројатност дека некогаш ќе се разболат од рак, додека кај останатите е од 40 до 60%.

Покрај добрата или лошата генетика, постојат случаи кои не се вклопуваат, а тоа се токму оние предизвикани од надворешни фактори. Генерално, постојат неколку фактори кои се неспорни предизвикувачи на мутации, па со самото тоа и на канцер: претерано сончање, посебно во младата возраст, пушење цигари, дебелина, хормонални терапии и изложеност на зрачење и консумирање преработена храна, како и мал внес на влакна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e