Напиток од магдонос – ги отстранува отоците на нозете и ја подобрува циркулацијата

Во различни периоди од годината може да се појави овој проблем, особено кога температурите се повисоки. Но исто така, поради професионални причини или седентарен стил на живеење, циркулацијата на нозете е оневозможена и ослабена, па поради тоа се појавуваат отоци.

Отокот всушност е зголемена количина на вода во меѓуклеточниот простор, а може да се појави како резултат на повеќе различни здравствени состојби.

Жештина, проблеми со крвни садови, пореметување на бубрежната функција, бременост, срцева инсуфициенција, хормонски пореметувања… сè се тоа тригери на оваа појава.

Народната медицина речиси за сè има решение, па така и за отечени нозе. Природните лекови некогаш се многу подобра замена за решенијата на современата медицина, а во бројни случаи и многу поефикасни, бидејќи немаат штетни нуспојави.

Доколку ве измачуваат тегоби со отечени нозе, направете напиток од магдонос. Оваа билка има неверојатна моќ да го исфрли целиот вишок течности, а покрај тоа да ја подобри циркулацијата. Поради своето диуретичко својство особено им се препорачува на лица со висок крвен притисок.

За приготвување ќе ви биде потребна цела билка и листови, но и коренот.

Рецепт:

Договорете се со проверен производител за да набавите магдонос заедно со коренот. Добро измијте го и отстранете ги нечистотиите, исечете го и ставете го целиот во блендер.

Ако коренчето е мало со неколку гранчиња магдонос, тогаш употребете две билки. Додадете само малку вода за да биде блендирањето полесно и да добиете кашеста смеса.

Смесата од магдонос ставете ја во тенџере и прелијте ја со 500 мл зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои преку цела ноќ. Наутро процедете и испијте ја течноста во текот на денот, на гладно, распоредена на три дела пред главните оброци.

Напитокот се пие два дена во континуитет, па се прави пауза од три дена. Циклусот може да се повтори уште три пати. Веќе после првиот ден ќе забележите намалување на отоците, како кога балон ќе се издише.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e