Намирници кои предизвикуваат појава на акни

Редовните посети на козметичар и скапите козметички производи за нега на лице нема да ви помогнат ако не внимавате на вашата исхрана.

„Ние сме она што го јадеме“, а ова е особено точно во овој случај. Ако имате акни, можеби треба да направите промени во вашата исхрана. Ова се четирите намирници што треба да ги избегнувате доколку сакате да спречите појава на акни.

Кокосово масло

И покрај популарноста на кокосовото масло, прекумерното консумирање може да доведе до несакани ефекти на кожата.

Чоколадо

Чоколадото е честа причина за појава на акни, особено чоколадите со над 70% присуство на какао. Какаото е штетна состојка и предизвикува појава на акни.

Млеко

Во денешно време, во млекото има високо ниво на хормонот на стрес, вклучувајќи го и кортизолот кој е причина за појава на акни.

Јаглехидрати

Нутриционистите предупредуваат да внимавате на внесот на јаглехидрати и има добра причина за тоа. Овој вид храна има големо ниво на шеќер и ќе ви предизвика проблеми со кожата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e