Намирници кои не треба да ги купувате замрзнати

Ако често ви се случува да купувате замрзната храна, знајте дека не сте единствени. Но, што имаат за тоа да кажат искусните готвачи?

Некои од нив открија кои намирници не треба да ги купувате замрзнати, но и други интересни детали околу замрзнатата храна.

Билки како зачин

„Ако не сакате да трошите пари на свежи билки за зачин, обидете се да ги одгледувате дома за да ги имате при рака секогаш кога ќе ви затребаат“, предлага готвачката Дејна Бујалски.

Таа вели дека билките особено го истакнуваат вкусот на храната кога се свежи. Тоа не можат да го постигнат ни исушените зачини, смета таа.

Леб

Иако замрзнатите производи од тесто секогаш се добредојдени во домот, бидејќи може да ги печете кога сакате, Бујалски вели дека треба да избегнувате замрзнување на готов леб бидејќи во себе не содржи хранливи состојки.

„Конзистенцијата се менува кога ќе го замрзнете лебот“, вели таа.

Сепак, советува дека е подобра опцијата сами да си направите леб за да ги добиете потребните јаглехидрати.

Јагоди

Ако имате рецепт за чија подготовка се потребни јагоди, а не е сезона на јагоди, немојте да ги купувате оние замрзнатите, препорачува готвачката Сузан Ирби.

„Поради нивната порозна природа, јагодите стануваат презаситени со вода и буквално се распаѓаат кога се замрзнати. Не се препорачува да користите замрзнати јагоди ни во смути. Истото важи и за рецептите за колач со јагоди“, вели таа.

Секогаш е добра идејата да купувате овошје кое е сезонско, вклучително истото важи и за јагодите. Ако сепак имате замрзнати јагоди, може од нив да си направите компот.

Плескавици

Замрзнатите, веќе подготвени плескавици се примамливи, но треба да одолеете на нив, смета готвачот Едриен Коркли од Тексас, САД

„Секогаш можете да купите свежо мелено месо. Вкусот е многу подобар од оној на замрзнатото месо. Едноставно, додадете си ги вашите омилени зачини и уживајте во храната“, советува Коркли.

Брокула

Ирби смета дека замрзнатата брокула станува кашеста кога ќе се зготви. Освен тоа, кога ќе купите замрзната брокула, проблематичен е односот на добиени стебла и цветови во пакувањето.

Готвачот Џесика Рандава вели дека брокулата е деликатен зеленчук кој не издржува баш најдобро при замрзнувањето. Губи многу на вкус откако ќе се замрзне. Што е уште полошо, чувствителниот зеленчук ги губи хранливите состојки кога ќе го замрзнете, смета готвачот Ерик Сорносо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e