Намирници кои го решаваат проблемот со непријатниот здив

Во тек е сезоната на печени пиперки, кои е едноставно невозможно да се јадат без лук. Притоа, не е секогаш време да се оди на стоматолог за редовно чистење на забите од забен камен и поправка на кариесот. Сето ова може негативно да одрази на здивот.

Со помош на овие намирници барем привремено ќе го решите проблемот со лошиот здив од устата.

Магдонос

Најпознатиот зелен зеленчук што го убива лошиот здив. Но, некои други растенија исто така можат да послужат како „прва помош“. Можете да џвакате нане и рузмарин, или да ги натопите во топла вода и да ги пиете како чај.

Јогурт

Високото ниво на водород-сулфид во устата е една од причините за лошиот здив. Јогуртот дејствува така што го намалува нивото на овие супстанции и ги елиминира нездравите бактерии. Експертите тврдат дека јогуртот е добра превенција против заболување на непцата, поради витаминот Д што го содржи.

Јогуртот го подобрува лачењето на плунка во устата, која е важна за елиминирање на лошите бактерии и го неутрализираат лошиот здив.

Ѓумбир

Освен што се препорачува како лек за стомачните проблеми, експертите тврдат дека ѓумбирот е ефикасен и во борбата против лошиот здив. Може да направите средство за плакнење на устата така што парчиња свеж ѓумбир ќе измешате со лимон и топла вода.

Витамин Ц

Бактериите што предизвикуваат лош здив „не се согласуваат“ со витаминот Ц, кој е важен за спречување на болестите или воспаленијата на непцата. Јадете намирници што се природен извор на витамин Ц: портокали, пиперки, папаја, јагоди…

Зелен чај

Флавоноидите во зелениот чај го неутрализираат непријатниот здив и спречуваат штетните бактерии да се задржат во устата.

Вода

Иако водата не може да помогне да го неутрализирате непријатниот здив, треба да пиете вода што е можно повеќе, како превенција. Водата го забрзува производството на плунка, а ако немате четка за заби при рака по јадење, би требало барем со вода да ги исплакнете остатоците од храна во устата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e