Расте бројот на заболени од рак на кожа. Само годинава регистрирани се 480 пациенти со најопасниот и најсмртоносен тип на рак на кожам – малиген меланом. Овој тип на карицином најчесто ги напаѓа младите до 30-тата година, велат лекарите.
Најмладиот пациент кој починал лани имал само 23 години. Доколку се дијагностицира во ран стадиум шансите за излекување се и до 90 отсто. Затоа лекарите апелираат и при најмала промена на кожата и бемките да се отиде на лекар.
„Многу често кај пациентите постои мислење дека ако има промена, има време. Но, тоа е губење на време. Секој изгубен ден ни одзема време за третманот. За секоја промена мора да се направи консултација со стручно лице. “ – вели д-р Софија Пејкова – пластичен хирург.
Постојаната изложеност на сонце, штетните УВ зраци, но и генетските предиспозиции се главни причини за појава на ракот на кожата. Исто така лекарите преудпредуваат дека оние кои користат солариум имаат 8 пати поголема веројатност да добијат малиген меланом.
„Доаѓа лето затоа превенцијата од појавата на изгореници со сончањето, тоа е важно и користењето на заштитни фактори и да не се изложуваат на сонце. Сите тие мерки се важни за превенција.“ – вели д-р Пејкова.
Месецот мај е посветен на подигнување на свеста за бробата против ракот на кожата. Со трибина на тема предизвиците во третманот на ракот на кожата и Макдонија ќе се приклучи во одбележувањето.
Извор: 24ТВ