Може ли кремот за раце да го намали дејството на средствата за дезинфекција?

Дури и ако пред пандемијата со коронавирусот хигиенските навики ви беа на некое високо ниво, сепак, сега сигурно преминавте на едно ново ниво, како и повеќето луѓе во светот.

Спрејовите и геловите за дезинфекција на рацете станаа производи кои ги користиме повеќе пати на ден, а нивната главна состојка е одговорна за убивање на вирусите и бактериите, а тоа е алкохолот од најмалку 72%. Токму затоа, не не’ чуди тоа што речиси на сите рацете ни се исушени повеќе, што дури понекогаш знае да биде болно, а кај некои стануваат и мали рани. Она за што сепак посегнуваме е кремот за раце кој ја негува и ја храни кожата.

Но, прашањето е дали кремот може да ја намали делотворноста на дезинфекционите средства? Експертите од американскиот центар за превенција и контрола на болести одговорија на ова прашање. Имено, од таму истакнуваат дека повеќето луѓе не користат ни приближно доволна количина гел или спреј за дезинфекција на раце, а со самото тоа се намалува и неговата делотворност. Многу е важно рацете да се мијат со доволно сапун и вода, а потоа да се избришат со пешкир, па дури потоа да се нанесе доволна количина дезинфекционо средство.

Ако пак се наоѓате во ситуација да не можете да ги измиете рацете, тие советуваат двојно да ја зголемите количината на дезинфекциско срество од вообичаената, па темелно да ги истриете рацете за средството да може целосно да ги убие вирусите и бактериите кои се наоѓаат на рацете. Што се однесува до кремот за раце и неговото влијание на средството за дезинфекција, експертите истакнуваат дека многу е важно да почекате средството целосно да ви се исуши на рацете, па дури потоа да нанесете крем.

Алкохолот ги убива бактериите и вирусите, но ако постои друго тло каде што може да се залепат, како што е на пример кремот за раце, бактериите би можеле да преживеат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e