Миксот од овие 2 состојки ќе ги избрка буквално сите бубачки од вашиот дом

Оваа смеса може да послужи и за други намени, на пример прекрасно ги отстранува дамките од стакло, па може да ја искористите и за чистење прозорци и бришење огледала.

Доколку се мачите со отстранувањето на непосакуваните гости во вашиот дом – мравки, комарци и останати здодевни инсекти, обидете се да се ослободите од нив со оваа природна мешавина.

Различните мириси, а особено комбинација од некои од нив, лесно и ефикасно ја одбиваат инвазијата на инсекти, па доколку не сакате да трошите пари на различни препарати тогаш испробајте го овој евтин домашен трик.

Се што ви е потребно е бел оцет, кој што е еден од најпознатите состојки во домаќинството.

Во шише со прскалка ставете оцет и вода во однос 1:1, добро измешајте, па нанесете го по рамките на прозорците и вратите насекаде во вашата куќа, пренесува „Apartment Therapy“.

Оваа смеса може да послужи и за други намени, на пример да се исчистат дамките од стаклата…

Доколку се плашите дека вашиот дом ќе мириса на оцет, не грижете се, во смесата може да ставите етерично масло.

Во шише измешајте половина шолја оцет, 20 капки етерично масло од нане и една шолја вода. Промешајте , па повторете ја постапката од претходно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e