Мажите живеат пократко од жените, зошто?

Мажите живеат помалку од жените, и тоа во целиот свет, покажа истражувањето на два Калифорниски универзитети кои ги испитувале податоците за смртност на мажите и жените во сите земји во светот и дојдоа до оваа бројка катастрофална за посилниот пол.

Што е уште полошо, причините се исти насекаде – нездрав начин на живот кои мажите го водат се повеќе – пушење, пиење, јадење нездрава храна, помалку се активни, а сето тоа доведува до кардиоваскуларни заболувања.

Сите овие лоши навики се водечка причина за смрт кај мажите над 40 години. Иако се уште нема цврсти докази за тоа, научниците велат дека постои можност да мажите се биолошки ранливи и подложни на болести на срцето и циркулаторниот систем.

Што да се направи? Па, момци, претпоставуваме дека сфативте до сега – да се избегнува тутун, алкохол и да се јаде здрава храна.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e