Луѓето кои носат очила имаат 5 пати помали шанси да се заразат со коронавирус

Носењето очила за гледање секој ден, може да го намали ризикот од зараза со новиот коронавирус, покажува најновото истражување.

Истражувачите од Кина откриле дека пациентите со ковид-19 кои носат наочари за гледање имаат 5 пати помалку шанси да се заразат со вирусот!

Тимот од универзитетот Нанчанг, вели дека тие веруваат дека тоа е затоа што рецепторите „ACE-2“, на кои вирусот може да се закачи и да ги зарази човечките клетки, може да бидат присутни во очите.

На здравствените работници им е задолжително носењето на заштита на очите. А од тука се поставува прашањето зошто се обрнува внимание на превентивни мерки како што се токму честото миење на рацете и избегнување на допирање на лицето?

За оваа студија, објавена во „JAMA Ophthalmology“, тимот анализирал 276 пациенти со дијагностициран ковид-19 помеѓу 27 јануари и 13 март.

Триесет пациенти имале очила за гледање (10,9%), од нив 16 случаи со проблеми со кратковидност и 14 случаи со проблеми со далекувидност.

Ниту еден од дијагностицираните со вирусот не носел контактни леќи или бил подложен на рефрактивна операција за подобрување на видот.

Вкупно 16 пациенти, кратковиди, објасниле дека носат наочари подолго од 8 часа на ден, односно 5,8%.

За општата популација, истражувачите се вратиле на една студија од пред неколку децении во која ученици на возраст од 7 до 22 години од провинцијата Хубеи од кои 31,5% носеле очила за кратковидна состојба.

Од објавувањето на студијата, тие ученици сега би биле на возраст од 42 до 57 години, близу до просечната возраст од 31 година за пациентите со ковид-19.

„Нашето главно откритие беше дека пациентите со ковид-19 кои секојдневно носат очила подолг период од денот се релативно ретки, што може да биде прелиминарен доказ дека луѓето што носат очила секој ден се помалку подложни на зараза“, велат истражувачите.

Тие претпоставуваат дека очилата „го спречуваат или одвраќаат човекот да ги допира своите очи, со што се избегнува пренесувањето на вирусот од рацете на очите.“

Неодамна открија дека очите произведуваат „ACE-2“, што ги прави тие органи кревки за опасноста од вирусот.

Доколку се случи зараза од коронавирус, тој не е присутен само на очите, туку и во солзите, што би го пренело патогенот.

Ова може да објасни зошто 12% од пациентите со ковид-19 имаат таканаречени „окуларни манифестации“, како што се црвенило и отоци.

„Затоа, очите се сметаат за важен канал за САРС-КоВ-2 во човечкото тело“, велат тие.

„За луѓето што секој ден носат очила за гледање, носењето наочари може да стане заштитен фактор, намалувајќи го ризикот од пренесување на вирусот на очите…“

Д-р Лиза Марагакис, вонреден професор по медицина и епидемиологија на Медицинскиот факултет на универзитетот Џон Хопкинс, пак апелира дека луѓето не треба да носат наочари ако не им требаат!

„Иако од ова истражување лесно може да се заклучи дека секој треба да носи очила за гледање, заштитни наочари или визир за да си ги заштитат очите и себеси од ковид-19, од епидемиолошка перспектива, ние мора да бидеме претпазливи да го избегнеме заклучокот на каузална врска од само едно истражување“, изјави Д-р Лиза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e