Летни совети од Рене Зелвегер: Со седење нема да имате здраво тело

Четириесет и деветгодишната холивудска актерка Рене Зелвегер отворено зборува за нејзиниот начин на исхрана и како се одржува во форма. На прагот на летните денови, кога секоја жена е загрижена за својот изглед и форма, споделуваме неколку совети од позната актерка.
Нејзината тежина беше предмет на дискусија уште во 2001 година кога се здебели 14 килограми заради улогата во филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“ во кој станува збор за животот на полничка жена која бара начин да ослаби и да ја најде љубовта на својот живот.

„Не ми е ни малку пријатно кога ќе прочитам дека сум претерала со диетата и разни слични измислици. Телото и здравјето ги одржувам со вежбање во фитнес-сала“, вели Зелвегер.

рене-зелвегер3

Кога по завршувањето на снимањето успеа да ја врати својата стара тежина, почнаа да се прошируваат шпекулациите, а светските медиуми постојано пишуваат за нејзиното изглед.

Рене ја менува килажата речиси со секоја нова улога. Иако сега е слаба, тешко е да се заборави дека претходно кога се подготвуваше за улогата на за Бриџит Џонс, за неколку месеци дневно внесуваше по 4.000 калории за да добие десет килограми плус. Таа сфати дека со помош на вежбањето и исхраната може да направи многу за својот физички изглед.

– Ако седите и не работите ништо, тешко дека ќе бидете затегнати – вели Зелвегер.

рене-зелвегер1

Таа и самата признава дека мора ригорозно да се придржува кон своите секојдневни вежби за да ја задржи добрата линија. Откога наполни 40 години, Рене секојдневно напорно вежба по два часа, шест дена во неделата. Исто така, таа секојдневно џогира од четири до девет километри и признава дека е зависна од џогинг. Кога трча на подвижна лента во фитнес-сала, таа гледа телевизија.

Иако има проблем со колкот, а докторот ѝ рекол дека не смее да трча веќе, таа вели: „Трчам додека не ме заболи“. Не дозволува какви било обврски или патувања да ја спречат да го одработи својот тренинг.

„Каде и да сум, во движење или во место, или во која било животна фаза да се наоѓам, јас сум тука, фитнесот е мој приоритет“, вели Зелвегер.

Покрај трчањето, таа плива, пешачи, вежба јога и вози велосипед и така ги затегнува задникот, бутовите, листовите и рацете. За да се подготви за улогата на Рокси Харт во мјузиклот „Чикаго“, секој ден одела во фитнес-сала каде што вежбала повеќе часа.

Фитнес експертите истакнуваат дека јо-јо ефектите од диетата не се добри и дека промените какви што ги има Рене се многу опасни.

По Бриџит Џонс, Рене почнала со зона-диета која подразбира пропорција 40:30:40 јаглени хидрати, масти и протеини. Се зборува дека ја испробала и Аткинс диетата. За да ослаби, во својата најдебела фаза таа јадела или туна или ладно месо со салати и суров зеленчук, а моментално е на макробиотика.

Треба секогаш да јадете различни продукти за да ја добиете најдобрата мешавина на масни киселини, витамини и минерали, кои се неопходни за вашиот организам да функционира здраво и ефективно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e