Лесна и вкусна: Медитеранска салата со тестенини

Eдноставна и вкусна салата со тестенини и туна.
Состојки:
– 250 гр тестенини, може и интегрални
– 1 конзерва туна
– 125 гр моцарела
– неколку чери домати
– 8 црни маслинки
– 5 ливчиња босилек
– сол, бибер
Подготовка:
Сварете ги тестенините „ал денте“, исцедете ги и измешајте ги со туната, па оставете малку да се изладат.
Исецкајте ја моцарелата, маслинките и босилекот, а чери доматите пресечете ги на половина, а потоа измешајте со разладените тестенини и туна.
Додадете сол и бибер по желба.
Ставете ја салатата во фрижидер еден час да се излади пред да ја сервирате.
Добар апетит!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e