Кора од лимон – средство против акни, освежувач на фрижидер, намалува стрес…

Лимонот е популарен цитрус кој несомнено е корисен за правење на освежителен напиток или како додаток за збогатување на вкусот на јадењата. Но, после цедењето на сокот, многу од нас едноставно ја фрлаат кората. Немојте тоа да го правите, бидејќи не можете ни да замислите какво богатство фрлате. Верувале или не, тој дел од лимонот е многу корисен.

Во кујната, за некои јадења кората од лимон претставува одличен зачин за да се постигне сладок и киселкаст вкус. Лимоновата кора може да се направи и како лимонова хартија, која може да се користи како одличен додаток на зачините при подготовка на риба и пилешко. Исто така, од неа може да се направи вкусно кандирано слатко или лимонови коцки мраз.

Кората од лимон исто така може да се користи и во другите делови на вашиот дом, како :

Отстранувач на маснотијата и за дезинфекција

Средство за контрола на штетници

За освежување на фрижидерот

Освежувач на миризбата на корпата за ѓубре

За чистење на штицата за сечкање

Освежувач и дезодоранс за вашата машина за садови

Миризлива свеќа

Чистач на метали

Ако сте доволно импресионирани со ова, сигурно ќе се изненадите колку лимонот може да биде од помош за нашето здравје и убавина. Следуваат неколку корисности од употребата на ломоновата кора за кои не сте знаеле:

Го намалува оксидативниот стрес

Поради содржината на биолфлавини, кората од лимон е моќен агент за намалување на токсичните елементи во телото кои предизвикуваат оксидативен стрес.

Го намалува ризикот од рак

Познато е дека кората од лимон е ефективна во отстранување на канцерогени елементи кои ја предизвикуваат оваа страшна болест бидејќи содржи антимикробни својства.

И дава сјај на кожата

Се трие лицето со кора од лимон за да се добие сјајна и здрава кожа.

Го отстранува лошењето при патување

Кората од лимон и другите цитрусни овошја помага за олеснување на лошењето при морска болест.

Се користи како обелувач на нокти

Лушпата од лимон може да се користи и за обелување на потемнетите нокти настанати од премногу лакирање.

Ги осветлува старосните дамки

Темните точки и дамки кои се појавуваат на кожата на постара возраст може да се отстранат со кора од лимон. Едноставно треба да се нанесе кората на зафатените места и да се остави еден час. Но, после ова треба да го избегнувате сонцето бидејќи тоа може да има спротивен ефект на кожата и може тие места да станат уште потемни.

Се користи како тонер за кожа

Лимоновата кожа може да се нанесе директно на лицето и да послужи како евтин и природен тонер. Едноставно лесно истријте го лицето, избегнувајќи ги областите околу очите. Потоа исплакнете се со вода.

Се користи како средство против акни

Акните се честа појава кај тинејџерите кои само што навлегле во пубертетот. И сокот од ова овошје е природен чистач кој помага во борбата против акните.

Се користи за киснење на стапалата

Сварената кора од лимон комбинирана со други состојки, како што се бадемовото или кравјото млеко и маслиновото масло, се природни навлажнувачи за стапалата и омекнувачи за отстранување на исушената кожа.

Се користи за омекнување на суви лакти

Сокот од лимон комбиниран со малку сода бикарбона може да помогне за испуканата и сува кожа на лактите. Прво, на половина пресечен лимон нанесете ја содата, а потоа ставете го лимонот одозгора и притискајте, на сличен начин како кога цедите овошје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e