Колку долго руската салата смее да стои во фрижидер?

За време на новогодишните и божиќните празници, руската салата е дел од секоја македонска трпеза.

Лесна е за подготовка, долго нè држи сити, а нејзиниот вкус нè враќа во детството.

И без разлика колку консумирањето на руската салата се претвора во јадење со секој оброк, бидејќи секогаш правиме повеќе отколку што треба и не можеме да се заситиме од нејзиниот вкус – колку долго откако ќе ја направиме, можеме да ја јадеме?

Руската салата има релативно краток рок на траење, па мора да бидеме внимателни.

Како и да ја подготвувате – со пилешко месо, шунка или посна, во руската салата се ставаат лесно расипливи состојки, па треба да внимаваме.

Прво и основно: Откако сите ќе се послужат, вратете ја руската салата во фрижидер, нека не стои на собна температура на трпезата.

Една од најчестите грешки кои се прават е покривањето со фолија, па микроорганизмите од другите намирници во фрижидерот можат да навлезат во тој сад.

Она што е сигурно, руската салата секогаш би требало да биде во сад кој добро се затвора, за воздухот и микроорганизмите да не можат да навлезат.

Постојат и поинакви информации: Некаде пишува дека рокот на траење на руската салата е пет дена, а најдобро е да се чува на температура од околу 4 Целзиусови степени и да се изеде во рок од три дена, за да биде сосема безбедна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e