Која храна е најдобра при проблеми со габични инфекции?

Веќе сите знаеме дека најголеми непријатели на габичните инфекции се белото брашно, белиот шеќер и млечните производи, освен јогуртот и кефирот.

Секако, при габична инфекција е потребна и терапија, но вие можете да го подобрите дејството со соодветна исхрана.

Најпрво, треба да консумирате храна со низок процент на јаглехидрати, како што се пилешкото и мисиркиното месо, морската храна, јатките и нескробните зеленчуци.

Недозволени се белиот шеќер, сахарозата, фруктозата, малтозата, гикогенот и сите останати шеќери кои ги има во десертите. Истото важи и за овошјето, особено сушеното и конзервираното.

Исфрлете од исхраната и производи со квасец, но и оние кои содржат оцет. Очигледно, треба да ги исфрлите и печурките. Кикириките и ф’стаците исто така треба да се избегнуваат.

Алкохолот исто така може да го стимулира размножувањето на габичките, затоа треба да го исфрлите во секоја можна варијанта.

Наместо кафе и црн чај, пијте вода и билни чаеви. Месните производи се дозволени, освен сувомеснатите, саламите и конзервираните месни продукти.

Ограничено внесувајте сирења со ниска содржина на лактоза и пијте немасен јогурт кој содржи поволни бактерии.

Од овошје најдобро е само лимон и тоа разреден со поголема количина вода. Од зеленчук, како што веќе споменавме, исклучете ги скробните продукти, а користете такви со висок процент на растителни влакна, како што се мешунките, брокула, зелка…

Во умерена количина можете да консумирате ориз, но само интегрален, а белиот да го избегнувате.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e