Кои се позитивните влијанија на попладневната дремка

Ако имате навика во попладневните часови малку да поспиете, не грижете се, во тоа нема ништо страшно. Впрочем, се работи за нешто многу позитивно за вас и нема потреба да да се откажувате од таа навика.

Кога си легнуваме доцна, речиси е невозможно да имаме здрав сон. Поради тоа, често преспиваме попладне, после работа. На тој начин ресетираме дел од енергијата, за да можеме да завршиме поголем дел од предвидените домашни активности.

Ова се сите позитивни страни на попладневната дремка:

– Посреќни сте, бидејќи сте поодморени и поенергизирани.

– Помалку грешите, бидејќи мозокот е одморен и концентрацијата не се губи.

– Мозокот е поефикасен дури за 500% по попладневната дремка.

– Покреативни сте, бидејќи се одмориле центрите наменети за вашите креативни активности.

– Го зачувувате кардиоваскуларното здравје.

– Се намалува желбата за брза храна, па имате помал ризик да изедете нешто штетно и калорично.

– Помалку сте конфликтни, бидејќи кога сте наспани помала е и раздразливоста.

– Избегнувате прегревање од работа и стрес.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e