Киселата зелка го зајакнува имунитетот

Киселата зелка е извор на многу витамини, затоа е одличен избор за салата или како додаток за скоро сите зимски јадења.

Зелката преку процесот на ферментација создава исклучително активен кобаламин (витамин Б12), што може да се најде во намирниците од животинско потекло. Поради оваа причина киселата зелка е идеална намирница за вегетаријанците.

Истражувањата потврдија дека киселата зелка содржи големо количество на витамин Ц (во 100 г зелка има 50 мг витамин Ц). Покрај тоа, киселата зелка крие вистинско богатство од пиридоксин (витамин Б6), без кој протеините не би биле искористени.

Исто така киселата зелка е богат извор на нијацин (витамин Б3), потребен за целосниот метаболизам, енергија и размена на материи во мозокот.

Сокот од кисела зелка не е богат само со витамин Ц, туку е и лековит пијалак со широк спектар на дејства. Докажано е дека со сок од свежа зелка успешно се лечи чир на желудник и воспаление на дебелото црево.

Го зајакнува имунитетот

Со оглед на тоа што 70% до 80% од нашиот имунитет зависи од здравјето на цревата, храната што е добра за здравјето на цревата е добра и за имунитетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e