Како стресот ја зголемува потребата за шеќер?

Кога сме под стрес, растат нивоата на кортизол во телото, а за тој да се поништи, чувствуваме потреба за поголема количина шеќер.

Тоа што во филмовите тажните и расплакани ликови се лечат со сладолед не е залудно.

Ако на лице кое е под стрес му понудите цела шведска маса, многу е веројатно дека веднаш ќе посегне по десертите. Затоа и оние кои се претерано изложени на стрес внесуваат и до 34 грама јаглехидрати повеќе во текот на денот, во однос на оние кои се среќни и релаксирани.

Стресот, познато, ја намалува и енергијата, а тоа мозокот го регистрира како потреба за нејзино инстантно надополнување. Јаглехидратите, како што веќе знаеме, го стимулираат лачењето на серотонинот, кој со своето дејство го неутрализира кортизолот.

Кога личноста е тажна и под стрес, се зголемува ризикот од срцев удар и депресија, но и се намалува концентрацијата и продуктивноста. Понекогаш телото е способно да ја искористи резервата на глукоза за да ја надомести оваа потреба, но многу поверојатно е дека ќе се појави желба за нешто слатко.

Решението е во тоа да научите да се справувате со стресот, без да се полните со шеќери и калории, дури и ако тоа значи да побарате помош од своите блиски или од лекар.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e