Кафето ве прави побистри, но пресудна е дозата!

Кафе – омилениот напиток на многу луѓе, но и контроверзен кога станува збор за здравјето.

Некои му припишуваат незаменливи својства, други тврдат дека е штетно по здравјето.

Вистината најверојатно е некаде во средината – разумна дневна доза на кафе може да ви ја разбистри главата и да ви ги зголеми когнитивните способности, но претераното пиење кафе може да го направи токму спротивното.

Научници од Универзитетот во Бари ги споредиле и анализирале податоците од 1.445 испитаници на возраст од 65 до 84 години, собирани во периодот од три години.

Journal of Alzheimer’s Disease објави дека најдобри резултати на тестирањата за когнитивни способности имале учесниците кои пиеле една до две шолји кафе во денот.

Наспроти нив, испитаниците кои пиеле повеќе од две шолји кафе на ден имале 1,5 пати поголем ризик од намалување на когнитивните способности.

Научниците сметаат дека умереното внесување кофеин може да го заштити мозокот од оштетувања предизвикани од наслаги на бета-амилоиден протеин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e