Храна за плодност или за сексуална возбуда?

 

Дали храната може да го смени вашиот интимен живот? На која храна помислувате кога сакате да бидете романтични? Можеби чоколадо, шампањско или јагоди?
Честопати имаме разни идеи за видовите храна која треба да нè направи привлечни. Но, може ли храната навистина да го подобри сексуалниот живот, да го смени вашето расположение и да ја зголеми плодноста?
Откако Хипократ рекол : „Дозволете храната да биде ваш лек, а вашиот лек да е вашата храна“, постојат разни студии кои сугреираат дека одредени видови храна ги менуваат хемиските процеси во мозокот и влијаат на расположението и сексуалните перформанси. Сите знаеме дека чоколадата добро влијае на расположението и ја намалува напнатоста. Други начини на кои храната влијае на организмот се следните:

1. За зголемена плодност кај мажите
Со поголемо внесување на витамин Ц и Д се намалува оштетувањето во спермата и се зголемува нејзиниот ДНК квалитет, а внесот на антиоксиданси (витамин Ц), цинк, селен ја зголемуваат подвижноста на сперматозоидите. За таа цел пригответе здраво смути:

– 2 лупени киви, 2 филџани сечка кељ, 2 лупени портокали, 1 филџан сечкан ананас, 1 филџан кокосово млеко, 1 филџан ситнет мраз. Изблендирајте во блендер да добиете хомогена смеса.

За зголемена потенција кај мажите добри се – шитаке печурки (богати се со витамин Д), бразилски ореви ( богати се со селен), лубеница ( ја подобрува циркулацијата на крв), корен од мака ( природно го зголемува тестостеронот), кромид (ја подобрува работата на репродуктивнитее орани и нивото на тестостерон кај мажите и жените), лук ( содржи алицин кој го зголемува нивото на тестостерон), урми ( богати се со аминокиселини и ја зголемуваат сексуалната издржливост), гоџи бобинки (се користат како сексуален тоник во азиските земји).

2. Може ли мирисот на храна да возбуди
Во различни фази од животот можеме да доживееме ниско либидо. Во такви ситуации сетилата можат да ги подобрат перформансите и да резултираат со поголемо сексуално задоволство. Неодамнешна студија откри дека сеќавањето на мирис и чувстото на пријатни емоции кои ги поттикнуваат одредени продукти, го подобруваат крвотокот во половите органи. Затоа следен пат кога ќе се подготвувате за во кревет еве што можете да искористите за подобрување на сексуалната возбуда:
За мажи: ванила, пита од јаболки, печено месо, лаванда, пита од тиква
За жени: краставици, лаванда, ванила

3. Дали афродизијакот ја зголемува сексуалната желба?
Или е до храната или до вашиот партнер. Научно е докажано дека хранат анема никакво влијание на зголемување на сексуалната желба. Сите физички реакции се последица од размена на физички и психички емоции меѓу партнерите. Но, кој вели дека храната не може да биде забавна?

4. Дали може храната да го трансформира расположението и да ги намали сексуалните тегоби?
Храната има позитивно влијание на расположението. Исхраната која вклучува немасни млечни производи и морската риба која е богата со витамин Д, го намалува ПМС-от до 50%. Ако сакате да си олесните во овој период еве што треба да јадете:
-немасно млеко, тврдо сирење, јогурт, јајца, риба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e