Хорор филмовите се добри за вашето здравје

Научниците тврдат дека хорор филмовите можат да го подобрат вашето здравје.

Сепак, тоа може да зависи од тоа колку сте се исплашиле додека сте го гледале филмот.

Еве како можете да профитирате од гледање страшни филмови:

Губење калории

Студија од 2012. година спроведена во Велика Британија покажува дека луѓето кои лесно се плашат за време на гледање хорор филмови можат да изгубат дури и до 184 калории. Толку калории се согоруваат и за време на 40-минутно шетање

Имунитет

Хорор филмовите ќе ви помогнат со вашиот имунитет. Кратко по гледањето се забрзува циркулацијата и расте крвниот притисок, а на тој начин се зголемува и способноста на организмот да се брани од несакани болести.

Расположение

Гледањето хорор филмови го подобрува расположението, барем така велат социолозите.

Луѓето кои се чувствуваат помалку анкциозно, помалку фрустирано се посреќни по гледањето на овие филмови.

Но, за да ја почувствувате добрата страна на гледањето хорори, ќе морате да бидете исплашени додека ги гледате. Во случај возбудата да ја нема, тогаш ќе ги нема и овие поволности по вашето здравје.

Не заборавајте дека хорор филмовите може да остават трајни последици и трауми на децата. Дури 26 отсто од студентите кои учествувале во студијата на Универзитетот во Мичиген изјавиле дека во детството доживеале трауми гледајќи хорор филмови, а тоа резултирало со трајна анкциозност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e