Ѓумбир – лековити својства и примена

Ѓумбирот зазема специјално место во многу кујни поради специфичната арома и остриот, пикантно лут вкус кој го издвојува од останатите зачини, но исто така и заради неговите лековити својства. Илјадници години тој се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат неговото моќно дејство.

Ѓумбирот (ботаничко име: Zingiber officinale) е едногодишно коренесто растение кое води потекло од јужниот дел на азискиот континент и се одгледува повеќе од 3.000 години наназад. Најголемиот производител на овој егзотичен зачин со беложолтеникава боја е Индија.

Коренот од ѓумбир содржи само 80 калории на 100 грама производ, кој во најголем дел е сочинет од јаглехидрати ~ 18 грама, протеини ~ 2 грама и масти ~ 1 грам.

Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.

Причина поради која ѓумбирот e добар за вашиот организам е хемиската состојка која се нарекува гингерол. Оваа состојка има противвоспалително дејство, што значи дека може да ги ублажи болките. Исто така, ѓумбирот содржи антиоксиданти кои ги неутрализираат штетните слободни радикали во телото.

Ги ублажува болките во желудникот

Гастроезофагеална рефлуксна болест е хроничен симптом на мукозно оштетување предизвикано од враќање на желудочна киселина од желудникот во хранопроводот. Лошото варење е многу чест проблем, па затоа мора да водите сметка за тоа што јадете.

Ѓумбирот помага во редуцирање на желудочната киселина, а неговите состојки се користат како лек против лошото варење.

Ѓумбирот ги ублажува менструалните болки

Ѓумбирот има антивоспалителни дејства и ги ублажува менстраулните болки и грчеви.

Го одржува нивото на шеќерот во крвта

Ова важи доколку чајот го пиете незасладен. Чајот од ѓумбир помаѓа нивото на шеќерот во крвта да се одржи стабилно, дури и кај луѓето со дијабетес тип 2. Ова не значи дека треба на своја рака да почнете да пиете чај од ѓумбир, а да ги занемарите сите препораки на докторот и тоа што ви го препишал за дијабетес.

Помага при слабеење

Не, нема магично да ви го стопи салото, но може малку да ви помогне. Речиси и да нема калории и го хидрира организмот. Без разлика дали го консумирате свеж, зготвен или сув, може да го додавате во секое јадење или чај.

Ја ублажува главоболката

Противвоспалителното дејство на ѓумбирот исто така е добро за главоболката. Пред да се обидете да ја ублажите болката со лек, обидете се со половина ѓумбир.

Ќе се изненадите колку добро ќе се чувствувате доколку го консумирате секојдневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e