Ферментираната храна не е корисна за сите луѓе

Ферментираните производи имаат бројни благопријатни дејства по општата здравствена состојба кај голем број луѓе, но постои и одреден дел од нив за кои воопшто не е препорачлива.

Јогуртот, кефирот, комбухата, сите овие производи периодов се вбројуваат каку суперхрана, но како што веќе наведовме, тоа не значи дека се идеални за секој човек.

Генерално, здравите луѓе можат да го искористат целосниот здравствен бенефит, а другите може да почувствуваат вистински хаос во телото, на пример:

Главоболки и мигрени

Ферментираната храна, освен пробиотици, витамини и минерали, содржи и хистамин и тирамин, на кои одредени луѓе се особено чувствителни. Кај нив тие може да предизвикаат мигренозни главоболки.

Инфекции

Иако ретко, може да се случи претераниот внес на пробиотици да направат инфекција во телото, особено кај оние кои имаат целосно нарушен имунитет.

Нетолеранција на хистамин

Постојат луѓе кои во дигестивниот систем немаат доволно ензими за да го разградат хистаминот, а тоа може да предизвика хроничен умор, чешање, осип, вцрвенети очи и мигрена.

Подуеност

Очекувана реакција на пробиотските ферментирани производи е да го регулираат варењето. Но, тој процес влијае и на создавање гасови, кои може да предизвикаат непријатна болка додека да го напуштат вашето тело.

Антибиотска резистентност

Пробиотските бактерии може да носат гени кои влијаат врз резистенцијата кон антибиотици. Најчесто ваквата резистентност се создава кон групите на антибиотици еритромицини и тетрациклини, кои се користат при лечење на респираторни инфекции и некои полово преносливи зарази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e