Еве зошто не треба да пиете кафе на гладно

Многумина не можат да го започнат денот без утринско кафе, не размислувајќи колку е опасно за нивното здравје.

Пиењето кафе на празен желудник рано наутро го стимулира излачувањето на хлороводородна киселина во дигестивниот тракт, што може да биде многу проблематично за лицата склони кон гастритис.

Кафето на празен стомак може да ја зголеми анксиозноста, нервозата, да ја забрза срцевата работа, да предизвика иритација и пореметување на вниманието. Во утринските часови, тоа влијае на нашиот внатрешен часовник кој е одговорен за контрола на хормонот на кортизол, кој се лачи во стресни ситуации.

Кафето кое се консумира пред појадокот може да предизвика надуеност, иритација и воспаление на цревата па сè до чир на желудник кој често го предизвикува бактеријата хеликобактер пилори. Киселините кои ги содржи овој напиток можат да го ослабнат заштитниот слој на желудникот и да го олеснат населувањето на овој патоген.

Истражувањата покажуваат дека најдоброто време за првото кафе во денот е еден час по будењето и задолжително по појадокот (помеѓу 9:30 и 11:30 часот). Имено, кога ќе се разбудиме, количината на кортизол во крвта (кој поттикнува будност) е сè уште висока, па затоа овој напиток е најдобро да се пие кога кортизолот опаѓа.

Во спротивно, дејството на кафето ќе слабее, ќе се создаде отпорност па со текот на времето ќе мора да консумирате повеќе шолји кафе во денот за да го добиете истиот ефект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e