Еве зошто калинката ја сметаат за најлековитото овошје на светот

Калинката е извор на здравје и но и моќен лек.

Кај многу народи токму калинката се сметала за симбол на плодност и домашна среќа.

Чистењето калинка не е некоја интересна активност, но малку труд дефинитивно ќе се исплати. Постојат голем број причини зошто оваа есен треба да јадете калинки.

Зошто калинката се смета за едно од најлековитите овошја на светот?

Овие мали, но моќни топчиња се полни со антиоксиданти што ги ублажуваат воспалителните процеси и задебелувањето на артериите. Со други зборови, калинката му помага на вашето срце да остане здраво, а се смета дека може да помогне во борбата против ракот.

Калинката е богат извор на витамините А, Ц, Е, Б1, Б2, Б5, селен, цинк, железо, натриум, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, бакар и два типа соединенија на кои им се припишува антиоксидантна активност.

Бројните истражувања кои во последно време сѐ повеќе и повеќе се вршат на калинката покажуваат неверојатно добри ефекти по однос на здравјето.

Калинката дејствува на:

-засилување на комплетната отпорност на организмот и ги намалува штетните ефекти предизвикани од алкохол, пушење и УВ зрачење;
-против воспалителни процеси предизвикани од вируси и бактерии и помага во зараснувањето на раните;
-го забавува процесот на прогресија на Алцхајмеровата болест;
-го намалува крвниот притисок и го регулира холестеролот;
-го намалува ризикот од артериосклероза;
-ги ублажува симптомите на менопауза, како и ги намалува несаканите симптоми пред и за време на менструалниот циклус;
-ја подобрува еректилната функција, го зголемува квалитетот на спермата со што ја подобрува плодноста кај мажите и има позитивен ефект врз либидото;
-антигените растителни хормони на калинката го одржуваат нивото на специфичниот антиген на простатата – PSA стабилен со што го намалува -ризикот од појава на рак од една страна и го успорува напредокот на ракот на простатата од друга страна;
-растителните хормони на калинката помагаат во случаи на малигни заболувања на дојка, јајници, простата, бел дроб, желудник, кожа и кај -леукемија – студиите покажале дека калинката ги уништува клетките на ракот оставајќи ги здравите клетки непроменети;
-ги заштитува забите со што ја регулира микрофлората на устата и дигестивниот тракт;
-позитивно влијае на пренаталниот раст и развој на детето, употребувана од страна на мајката во текот на бременоста го штити мозокот на новороденчето од оштетување;
-поволно влијае на ноктите, косата и кожата;
-природно го забавува стареењето на кожата и ги намалува брчките, ја навлажнува кожата на лицето и телото, ја зајакнува и ја прави еластична;
-ги ублажува депресивните состојби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e