Еве неколку совети кои ќе ви помогнат помалку да го допирате вашето лице

Различни истражувања откриваат неверојатни бројки кои се однесуваат на тоа колку пати во текот на еден час го допираме своето лице. Додека едни студии тврдат дека лицето во текот на само еден час го допираме 16 пати, други наведуваат дека тоа е погрешна проценка и дека лицето го допираме и до 25 пати во рок од еден час. Кои проценки и да се точни – се работи за големи бројки.

Но, се чини дека луѓето дури сега ја препознаваат опасноста од пренесување на вирусите и бактериите токму по овој пат. Се покажало дека луѓето најчесто го допираат носот, устата и очите, а токму тоа се патиштата кои овозможуваат непрекинато влегување на вирусите и бактериите во организмот.

Сепак, експертите советуваат дека постојат начини да заборавите на оваа навика.

-За почеток, ставете си нараквица на раката за со неа да си играте кога ви е досадно, кога ќе бидете нервозни или под стрес. Ако не сакате накит, ќе ви послужи и антистрес топкичка која секогаш треба да ви се наоѓа при рака.

-Мачкањето на раце со масни креми исто така е испробана техника. Сознанието дека рацете ви се масни автоматски ќе ве одврати од допирање на лицето.

-Третиот метод се однесува на составот награда и казна. Баш како што во текот на школските денови се мотивиравте со чоколадо кое можевте да го јадите после совладувањето на одреден предмет ,така и себеси можете да се наградите сега ако на пример два часа не го допрете вашето лице. Секако, бидете внимателни со чоколадата затоа што на овој начин брзо можете да се здебелите!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e