Еве која храна не треба да се јаде по истекот на рокот

Голем дел од прехранбените производи имаат рокови на траење кои многу често се погрешно сфатени. Тие означуваат до кога производот е најдобар за употреба, но на ниту еден производ не пишува дека тој е неупотреблив по запишаниот датум. Сепак, постојат намирници кои не треба да ги консумирате по истекот на рокот.

Некои намирници може да предизвикаат здравствени проблеми доколку не ги почитуваме правилата за нивна употреба.

Млечни производи

Млечните производи како што се сирење, јогурт, млеко, путер итн. го зголемуваат ризикот од труење со храна. Ова може да се објасни со фактот дека млечните производи не подложат на термичка обработка која ги уништува штетните бактерии. Доколку јадете млечни производи со поминат рок може да добиете салмонела, листерија, ешерихија коли.

Јајца

Свежите јајца можат да стојат во фрижидер од три до пет недели. Значи, имате доволно време за да ги потрошите. Јајцата на коишто им е поминат рокот, може да бидат токсични.

Свежи сокови

Свежо исцедените сокови се многу вкусни, но и многу опасни ако не ги испиете брзо – за два или три дена најдолго. Многу се подложни на бактерии, за разлика од преработени сокови кои се пастеризирани.

Месни преработки

Откако ќе ги отворите – изедете ги за три дена. Доколку забележите дека шунката станала леплива, а колбасот ја сменил бојата, фрлете ги. Месните преработки се склони кон бактеријата листерија, а која е отпорна на ниски температури па може да се размножи во вашиот фрижидер.

Риба

Како и секое друго месо, рибата е поподложни на бактерии, затоа треба да се изеде за ден или два по купувањето. Во спротивно, завиткајте ја рибата во фолија и ставете ја во замрзнувач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e