Еве која е најтоксичната работа во вашиот фрижидер

Компаниите ја користат за создавање пластика уште од 60-тите години, но и денес се користи во производство на многу пластични материјали, дури и за шишиња за вода. Исто така може да се користи за премачкување на внатрешноста на металните производи како лименки со храна и слично.

„Кога ќе дојде храната во контакт со пластиката, металот или некој друг материјал, постои веројатност на себе да собере и малку BPA. Иако намирниците ги прегледуваат пред да бидат ставени на продажба, експертите сметаат дека мала количина од BPA е безбедна за консумација.

Изложеноста на BPA на неродените бебиња, новороденчињата и децата може да влијае на простатата и на мозокот, велат од клиниката Мајо. Истражување вели дека би можело да постои врска меѓу BPA и покачениот крвен притисок кај возрасните.

Доктори од Харвард сугерираат дека треба да бидеме внимателни при купувањето на конзервирана храна и повеќе да користиме свежи производи во исхраната. Избегнувајте да ставате пластика во микробранова печка или машина за миење садови бидејќи топлината со текот на времето може да ги разгради и да овозможи BPA да продре во храната.

Постојат и други материјали кои не содржат токсични хемикалии, а кои може да ги користите, како на пример порцеланот и нерѓосувачкиот челик, пишува Eat This, Not That.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e