Еве кои намирници треба да ги избегнувате додека сте во изолација

Експертите предупредуваат дека во вакви околности треба да се посвети внимание и на здравите навики како што се здравата исхрана и физичката активност.

Доктор Горал укажал дека е многу важно, при престојот одма, местото на кое јадеме.

“Јадете на маса. Не јадете на каучот, во спалната соба или на компјутер, бидејќи несвесно може да изедете повеќе од што ви е потребно. Ваквиот модел на однесување може да го зголеми бројот на килограми, па дури и до гојазност и хронични заболувања”, рекол доктор Горал пренесува N1.

Докторот исто така смета дека е важно што купуваме. Луѓето купуваат големи количини на тестенини, бидејќи можат да издржат подолго. Сепак, тестенините не се идеален оброк поради големиот број на калории, а имаат и ниска нутритивна вредност. Наместо тестенини, доктор Горал препорачува храна богата со влакна и протеини, како и овошје и зеленчук.

Тој додава и дека не треба да ги заборавиме намирниците богати со витамин Д, но и калциум, кој најмногу го има во млекото и млечните производи. Важен е и витаминот Ц и консумирањето на намирници богати со овој витамин, пред се овошјето – јаболки, портокали и други цитруси.

За лицата кои не јадат месо, доктор Горал препорачува грашок, леблебии и грав.

Тоа што е најважно е исхраната да биде избалансирана и да не ја заборавиме физичката активност прилагодена на домашните услови, годините и здравствената состојба.

“Консумацијата на зашеќерени пијалаци кои брзо го креваат шеќерот во крвта, белиот леб, слатките и сувомесните производи кои ги јадеме за појадок и храната со висок процент на соли, треба да се сведе на минимум или ако е можно, да се исфрли од исхраната”, смета доктор Горал.

Докторот предупредил дека алкохолните пијалаци и цигарите треба да се избегнуваат, посебно при вакви стресни периоди.

Гизам Џенсирек, нутриционист во болницата при Универзитетот Медипол Пендик во Истанбул, укажала на фактот дека стресот може да доведе до прејадување во време на намалена физичка активност.

За тоа да се спречи, потребно е да се направат неколку работи за кои таа смета дека не се тешки, а една од нив е здравата исхрана.

“Првата од нив е урамнотежена исхрана: Треба да вклучиме четири основно групи намирници кои ни се достапни, тоа се месо, млеко, житарки и овошје и зеленчук, посебно во текот на основните оброци, појадокот, ручекот или вечерата”, рекла Џенсирек.

Укажала и на тоа дека не би требало да го заборавиме внесот на водата, која е неопходна за многу процеси во организмот.

Таа исто така додала дека е неопходно да се биде активен колку може повеќе во домашни услови и дека на интернет се достапни он-лајн вежби кои може да бидат корисни.

Посебно ја истакнала важноста на примената на мерките на заштита во текот на пандемијата. Хигиенските навики и добриот сон се еднакво важни и го сочинуваат тој пакет од мерки за заштита на сопственото здравје.

Важно е да спиете и да престојувате во добро проветрени простории,, често да миете раце, дури и кога мислите дека тоа можеби и не е неопходно и така да се заштитите сами и другите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e