Еве како правилно се одмрзнува месото

Месото е едно од редовните јадења на менито, а начинот на одмрзнување е многу важен детаљ

Многу е важно правилно да го одмрзнете парчето месо за да не се развијат бактерии, кои ќе ви го нарушат здравјето.

Пред сѐ, мора да знаете дека месото најпрво мора да го извадите од пластичните или пенестите пакувања во кои е спакувано, потоа да го ставите на чинија за да не преминат хемикалиите од пластиката на месото. Приготвувајте го месото веднаш по омекнувањето.

Една од најчестите грешки е одмрзнувањето на месото на собна температура. Не сте ни свесни колкава е опасноста од ширењето бактерии во тој случај.

Одмрзнување во фрижидер

Најсигурниот начин на одмрзнување на сите видови месо е во фрижидер. Поставете го спакуваното месо на чинија за да не капнуваат неговите сокови врз другите производи и да шират бактерии, па ставете го во долниот дел на фрижидерот.

Црвеното месо и живината никогаш немојте да ги одмрзнувате на собна температура, бидејќи тогаш површинскиот дел ќе се загрее побрзо од внатрешноста, а тоа доведува до развој на бактерии.

Колку брзо ќе се одмрзне месото во фрижидер зависи од количината месо. Конкретно, килограм мелено говедско месо може да се одмрзнува цел ден, а поголеми парчиња со коски, два до три дена.

Одмрзнатото месо и живината можат да се чуваат во фрижидер најмногу пет дена пред нивното приготвување.

Одмрзнување месо во ладна вода

И овој начин на одмрзнување е добар, бидејќи поради ладната вода нема многу шанси да се создадат бактерии. Единствената разлика е тоа што парчињата месо под ладна вода побрзо ќе се одмрзнат отколку ако стојат во фрижидер.

Ставете го месото во кесичка, па во сад и оставете ја водата да тече околу половина час, во зависност од големината на парчето.

Околу половина килограм месо под вода целосно ќе се одмрзне за еден час. Но овој начин не е баш идеален, бидејќи ќе потрошите многу вода.

Освен тоа, ако кесичката во која сте го ставиле месото не е цврсто затворена, површината ќе биде кашеста, што значи дека сепак може да се создадат бактерии.

Одмрзнување во микробранова печка

Иако ова е најбрзиот начин на одмрзнување месо, ако не ја познавате добро микробрановата и не проценете колку време е потребно за едно парче, краевите ќе ви се испечат, а средината може да остане и понатаму замрзната.

Како ни одмрзнувањето месо во ладна вода, така ни овој начин не е баш најдобар, но ако со текот на времето точно проучите колку време е потребно во микробранова за месото да биде одмрзнато, таа е најдобриот избор кога сте во брзање.

Секогаш ставајте го месото во чинија и извадете го од пакувањето пред да го одмрзнете, бидејќи тука важат основните правила за користење микробранова.

Штом го одмрзнете, почнете со готвење.

Месото многу брзо ќе се одмрзне во микробранова, но нема да биде рамномерно омекнато како во фрижидер или во ладна вода.

Во некои случаи, некои делови од месото може да се зготват и исушат, додека преостанатите делови сѐ уште се одмрзнуваат. Па затоа, ако го одмрзнете месото на овој начин, згответе го веднаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e