Ако ви се случи во текот на топлите летни вечери да ве касне комарец, еве што можете да направите за да се решите од досадното чешање и црвенилото на местото на убодот.
Првото решение во тој случај е мразот. На местото каде ве каснал инсект ставете коцка-две мраз, бидејќи ладните облоги ќе го „заледат“ нервот, со што чешањето и пецкањето ќе се смират.
Второто решение е местото на каснување да го истриете со мед или лимон и болката ќе исчезне. Содата исто така помага во овој случај, бидејќи содржи алкална компонента.
Можете да ставите и малку паста за заби, затоа што таа ја лади кожата и го ублажува чешањето. Босилекот е исто така од помош, со оглед на тоа што содржи тимол и камфор кои го намалуваат пецкањето, па лист од ова ароматична билка ставете директно на убодот.