Еве како да ги дезинфицирате, без перење, маските по употреба

Константниот недостаток на заштитни хируршки маски во аптеките поради пандемијата на коронавирусот ги поттикна многумина покреативни граѓани да си изработат свои заштитни маски.

Сепак, веднаш се појави прашањето како да се дезинфицираат и да бидат безбедни за носење, а да не се перат секој ден?

Експертите дадоа едноставен одговор на ова прашање – нема потреба да ги миете после секое носење.

Сè што треба да направите е да ја вклучите пеглата на пареа и со неа да ја стерилизирате маската која сте ја носеле тој ден.

Всушност, пеглата со пареа е најдобрата дезинфекција не само за маски, туку и за сите работи што ги носите – блузи, јакни, панталони.

Само поминете со пеглата на двете страни на вашите маски, па дури и облеката, и ќе направите да бидат 100% дезинфицирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e