Електронските цигари се штетни во текот на бременоста

Електронските цигари се претставени како алтернатива за обичните цигари, но се појавуваат докази кои велат дека тие се штетни по здравјето.
Кога се појавија во продажба, многу пушачи се префрлија на оваа здрава варијанта за да се ослободат од пушењето. Меѓутоа, многу студии покажуваат дека електронските цигари се штетни.

Резултатите од истражувањето кое е спроведено на Универзитетот во Северна Каролина покажаа дека пушењето на електронски цигари може да ги оштети белите дробови и кардиоваскуларниот систем.

Исто така, вдишување на димот од електронските цигари може да влијае на репродуктивните органи на жените и развитокот на бебињата.

Истражувањето е спроведено на глувчиња.

„Користењето на електронските цигари при зачнувањето ја одложи имплементацијата на оплодениот ембрион во матката и ја намали плодноста, а користењето на овие цигари влијае на здравјето и метаболизмот на женското потомство“, вели докторката Кејтлин Карон.

Инаку, американската држава Мичиген прва ги забрани електронските цигари поради истрага за штетноста и 200 случаи на белодробни заболувања кај корисниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e