Едноставно и лесно намалете го внесот на сол

Солта е неопходна за правилно функционирање на телото и за непречено одвивање на физиолошките процеси, но само доколку не се претерува со внесената количина.

Преку процесираната и конзервираната храна, грицките, ужините, пекарските производи и многу други видови храна кои ги обожаваме, ја внесуваме во прекумерни количини. Токму тоа може да биде причина за покачен притисок, висок ризик за мозочен удар и срцеви проблеми.

Но, ова не значи дека треба да престанете да додавате сол во храната, туку да се држите до препорачаните дози. На возрасна личност ѝ се потребни во просек околу 5 грама сол.

Ова се неколку едноставни трикови со кои веќе нема да претерувате со внесената количина:

Додадете зачини

Наместо само сол, почнете да користите и други зачини за подобрување на вкусот на храната. На пример, сушено оригано, магдонос, ким, ѓумбир и многу други, сите тие ќе го подобрат вкусот, а нема да внесете преголема количина сол.

Читајте декларации

На декларациите е наведена енергетската вредност на продуктот кој го купувате. На тој начин лесно можете да дознаете колку сол има во производот што сте го купиле.

Јадете храна богата со растителни влакна

Храната која е богата со растителни влакна го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, но и помага во полесно варење и подобрување на работата на цревата. Со ова, индиректно влијае на тоа колку солта се задржува во вашето тело.

Сами гответе храна

Ако сами подготвите супа или чорба или што и да е друго, точно ќе знаете колку сол сте ставиле. Од друга страна, со ресторанската храна, никогаш не сте сигурни за тоа.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ