“Ракот на дојката е еден од најчестите малигни заболувања што се јавува кај женската популација, и во просек се јавува кај една од девет жени. Доколку навремено се открие може успешно и да се лекува. Затоа превенцијата е од круцијално значење, и затоа ги охрабруваме сите жени, особено оние кои спаѓаат во ризични категории да прават редовни контроли и прегледи кај своите лекари и да се придржуваат кон советите на лекарите.” – рече Билјана Додева, членка на Комисијата за здравство на СДСМ.
Жените заболени од рак не смееме да ги оставиме сами на себе. Тие ја заслужуваат целата општествена поддршка во нивната битка и заслужуваат квалитетни здравствени услуги кои ќе водат кон успешно лекување или кон ублажување од последиците од оваа болест.
Иако оваа болест е многу честа, сепак многу малку се знае за причините и последиците од ова заболување. Затоа мора континуирано да работиме на подигање на свеста за ова заболување, како и за сите други малигни заболувања.
Сите заедно сплотени можеме да помогнеме и во превенирање и во лекување на ракот на дојката. Битката со ракот на дојката не смее да им се препушти единствено на жените. Во таа битка треба да се вклучи целото општество. Само така ќе се справиме со предизвиците на оваа болест. – посочи Додева.
За поврзани вести продолжете надолу