Дали чајот може да се расипе?

Многумина од нас имаат дилема во врска со тоа дали чајот може вистински да се расипе

Иако на секоја кутија чај која ја купувате во продавница е назначен рок на траење, тоа всушност се однесува на времето до кое би требале да го искористите чајот пред да го изгуби вкусот. Односно, не мора да значи дека после тој рок чајот ќе се расипе, туку вкусот најверојатно ќе исчезне колку подолго стои.

Препорачливо е чајот да се чува на суво и мрачно место. Исто така, избегнувајте изложување на чајот на висока температура во воздухот. Исто така дали чајот веќе не е употреблив можете да препознаете по неговиот мирис, доколку сосема ја изгубил својата арома значи дека можете да го исфрлите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e