Чај од коприва – лек за подобра циркулација и исфрлање вода од организмот

Во потребата за решавање на нашите здравствени проблеми, често пати забораваме на тоа дека природата ни дала се’ што е потребно за да го одржиме нашето добро здравје и дека на дофат на нашите дланки секогаш ни’ се природните и бесплатни лекови.

За копривата често се вели дека, кога луѓето би сфатиле колку всушност таа корисна и лековита најверојатно во иднина би саделе само коприви. Всушност, сите нејзини делови (стеблото, листот, коренот и цветот) имаат одредени лековити својства.

Копривите, исто како и глуварчето, долго време се сметало дека се само обичен корен и ништо повеќе. Сепак, се’ поголем број на истражувања покажуваат дека копривата има одлично делување врз нашето здравје.

Копривата изобилува со белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, витамини Ц, А, Б2 и К, каротин и пантотенска киселина. Најдобро од се’ е што таа е достапна и пристапна за секого.

Овојпат ќе му посветиме внимание на чајот од коприви кој се користи при лекување на болести на црниот дроб и жолчката, при пореметување на сонот, кај карцином на слезината, при грчеви во стомакот, чиреви, болести на белите дробови, и тн. Тој е благотворен и кај вирусни и бактериски инфекции и се смета дека е одличен лек и за чистење на крвта, против опаѓање на косата, ревматизам, треска, прекумерно мокрење, туберкулоза на белите дробови, бронхитис, воспаление на зглобовите, камен во бубрегот, зараснување на рани, против зрачење, слабокрвност, чир на желудникот, несоница, нервоза.

Чајот од коприви во кинеската медицина се користи за ублажување на различни тегоби, а денес се пие со цел да се подобри општата здравствена состојба. Овојпат издвојуваме четири корисни примени на чајот од коприва кои вреди да се потенцираат.

Ублажување на симптомите од остеоартитис

Неколку истражувања покажаа дека пиењето на чај од коприва може да ги ублажи симптомите на остеоартритисот. Исто така, научниците докажаа дека облогите од чајот од коприва можат да бидат исто толку ефикасни.

Превенција од задржување на вода во телото

Копривата има благо диуретско делување и поттикнува ослободување на вишокот вода од телото. Секојдневното пиење на чај од коприва придонесува за превенција од задржување на вишок течности во телото.

Подобрување на циркулацијата на крвта

Некои истражувања покажаа дека чајот од коприва може да помогне и за ублажување на слабата циркулација на крвта. Чајот од коприва се покажал како ефикасен за личности кои често имаат проблеми со циркулацијата на крвта на рацете и нозете.

Регулација на нивото на шеќер во крвта

Нучниците заклучија дека секојдневното консумирање на чај од коприва може да помогне за регулација на нивото на шеќер во крвта кај личности кои патат од дијабетес тип 2, а може да помогне и за да се намали потребата од земање на соодветна лекарска терапија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e