Австриски лекари тестираат лек против корона, важно е вирусот да не се лепи за келиите на организмот

Меѓународниот тим на научници кој го вклучуваат научници и основачи на австриската биотехнолошка фирма Apeiron, Џозеф Пенингер разви APN01, кој дава надеж во борбата против коронавирусот.

APN01 е биотехнолошки произведен од човечкиот ангиотенсин конвертинг ензим 2 (rhACE2) кој од една страна го блокира вирусот а од друга штити од откажување на плуќата.

Фармацевтската фирма доби одобрение од надлежните установи на Австрија, Германија и Данска за почеток на клиничката студија во лечење на пациенти инфицирани со коронавирусот.

Моментално со APN01 се тестираат 200 тешко заболени пациенти од Covid-19.

Новиот лек кој го имитира човековиот ензим ACE2 треба да го врзе вирусот за себе со цел да не се „залепи“ за човековата плуќа. Со тоа вирусот не може да инфицира а покрај тоа треба да ја штити плуќата од воспаление.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e