8 клучни чекори во заштита од коронавирусот

Д-р Хилари од Велика Британија открива кои се клучните чекори во заштитата од коронавирусот. Доколку се придржувате до сите совети, ќе го сведете ризикот од заболување на минимум.

1. Користете личен прибор за јадење. Секој би требало да има своја чаша, нож, вилушка, чинија кои нема да ги дели со останатите членови во домот. Мијте ги садовите исклучиво со топла вода, а најдобро е да ги миете во машина за миење садови бидејќи така со сигурност ќе ги уништите вирусите.

2. Бришењето на сите површини кои ги допирате со средство за дезинфекција е задолжително и тоа доколку е можно неколку пати на ден или секој пат кога ќе влезете во домот.

3. Пешкирите и постелнините перете ги на температура од најмалку 60 степени. Со тоа ќе бидете сигурни дека вирусите исчезнале.

4. За да го спречите ширењето на вирусот користете лични пешкири кои нема да ги делите со друг.

5. Фрлајте го ѓубрето што почесто бидејќи во отпадот може да се задржат вируси и до неколку часа.

6. Облеката и обувките кои ги носите кога излегувате од домот исперете ги што побрзо по враќањето дома.

7. За полесно справување со оваа ситуација, одржувајте контакти со вашето семејство и пријатели преку телефон и тоа правете го што почесто.

8. Поддршката е сега најважна – таа навистина може да ја зајакне нашата психа и да нѝ помогне да го пребродиме овој тежок период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e