5 намирници кои ја решаваат несоницата

Лекарите препорачуваат два до три часа пред спиење да не внесувате ништо од храна.

Меѓутоа, доколку сте гладни и не сакате да заспиете со празен стомак, овие намирници можете да ги јадете без грижа на совест.

За вечера е најпаметно да изберете нискокалорична храна и тоа минимум еден час пред спиење, а особено треба да ѝ дадете предност на храната која ја содржи аминокиселината триптофан.

Таквите намирници не се „лепат“ за стомакот, а можат да ви помогнат и полесно да заспиете – но, внимавајте на количината која ја внесувате.

Кефир

Кефирот содржи калциум кој подобро се апсорбира во текот на вечерните часови, како и корисни бактерии кои се добри за варењето. Оваа намирница е нискокалорична, а потребно е да ја изберете онаа која содржи 1-1,5 отсто млечни масти.

Мисиркино месо

Мисиркиното месо е уште една добра опција за вечера бидејќи содржи малку калории и доволно протеини кои даваат чувство на ситост, но се важни и за добриот метаболизам. Но, обидете се да не претерате со количината и да не внесувате повеќе од 80 грама.

Бадеми

Овие јаткасти плодови содржат магнезиум кој делува смирувачки на нервниот систем. Но, бидете внимателни со бадемите бидејќи содржат доста калории и не треба да се претерува со нив.

Јаболка

Печените јаболка пред спиење се подобра опција од свежите. Тие се нискокалорични и даваат чувство на ситост.

Цреши

Црешите се одличен извор на споменатиот триптофан, а помагаат и полесно да заспиете. Меѓутоа, ова овошје содржи многу шеќери, па затоа не јадете повеќе од една шака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e