Што треба да одбегнувате да јадете пред спиење

Доколку сакате да имате добар сон, експертите објавила листа на намирници кои треба да ги избегнувате пред да отидете во кревет.

Причината поради која треба да ги избегнувате е поради состојките кои на нашето тело му делуваат како стимуланс.

Темно чоколадо

Иако се препорачува како поздрава варијанта на чоколадо, таа содржи кофеин што би можело да го поремети вашиот сон доколку ја јадее навечер. Симулансот теобромин кој исто така се наоѓа во темната чоколада го зголемува бројот на отчукувања на срцето и предизвикува немир.

Шеќер

Шеќерот делува како гориво, но тоа што ќе ве разбуди не е е најголемиот проблем. Доколку кексите и колачини и слични јагленхидрати ги изедете навечер, најголеми се шансите дека ќе се претворат во масти.

Добри маснотии

Кокосовото масло, бадеми и козјо сирење се одличен избор во текот на денот, но пред спиење би можеле да ве разбудат. Ним им е потребно доста време да се сварат, а додека тој процес трае, ќе ве држи буден. А помалку сон значи повеќе сало, особено околу струкот.

Лута храна

Слично како и кај здравите масти, поради лутата храна нема да можете да се опуштите, а на желудникот ќе му биде потребно повеќе време да ја свари храната.

Кафе

Кафето го зголемува крвниот притисок, а со тоа и протокот на крвта и кислород во мозокот, што делува на концентрацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ