10 грешки при подготовката на ајвар: Еве зошто не ви излегува вкусен

Ајварот е највкусната зимниа која што се подготвува за студените зимски месеци, но на многу домаќинки тој и не им излегува вкусен како што очекувале, а еве каде згрешиле.

1. Ајварот не се прави само од пиперки. На 3 килограми пиперки, треба да додадете 1 килограм модар домат.

2. Кога бирате пиперки за ајвар, тие треба да имаат 3 карактеристики: мазни, зрели и дебели. Ајвар не се прави од тенки пиперки.

3. Најсласниот ајвар има фина арома која се добива само ако пиперките се печат, а не се варат.

4. Печењето не смее да биде прекратко. Оставете ги пиперките и модрите домати да се печат додека не почне да се одвојува лушпата.

5. Излупените пиперки оставете ги да се цедат барем 12 часа, идеално преку ноќ. Исто важи и за модрите домати.

6. Трпеливото мешање додека водата не испари е исто така клучно. Солта се додава на крајот, за дополнително да ја извлече течноста. Маслото исто така се додава на самиот крај, и тоа малку по малку.

7. Никако не ги оставајте семките од плодовите.

8. Сол се додава постепено, а пред секое додавање ставете малку од ајварот на чинија, за да се олади и точно да вкусите колку е солен.

9. Покрај тоа што теглите мора да бидат чисти, добро би било пред да го затворите капачето, да ги пребришете рабовите на теглата со алкохолен оцет.

10. Стаклените тегли, по пастеризацијата која трае 1 до 1 час и 30 минути, треба да ги оставите постепено да се изладат. Никако не смее топли да ги ставате во фрижидер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e