И жените се навлекоа на видео-игри

Просечниот гејмер има над 30 години и е татко на три деца. Но, сега, и 41 отсто од жените признаваат дека сакаат видеоигри, но не толку на конзоли или компјутери, туку најмногу на паметните телефони.
Како што објави британски „Мирор“, истражување во коешто учествувале 2.000 луѓе открива дека просечен гејмер е семеен човек, со куќа или стан и заработува 40.000 фунти (45.000 евра) годишно.
И покрај тоа што, „традиционално“, мажите се тие кои претпочитаат видеоигри, како што се „Cole of Duty“ или „Fortnight“, сега и жените сѐ повеќе се нарекуваат „гејмерки“, иако своите омилени видеоигри најмногу ги играат на телефониМажите сакаат спортски или „пукачки“ (со оружје) игри, а жените претпочитаат стратегија и загатки.
Но, и тие и тие минуваат скоро исто време пред екранот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e